Од Македонија до Америка со љубов – бездомната Бела чекала ред за виза, а судбината ја однела до топол дом

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Pilots N Paws е невладина организација која им овозможува на волонтери да помогнат со спасување, засолнување и вдомување животни, така што ги спојува со волонтери пилоти, подготвени да помогнат при транспортот.

od-makedonija-do-amerika-so-ljubov-bezdomnata-bela-chekala-red-za-viza-a-sudbinata-ja-odnela-do-topol-dom-01.jpg

На нивната Фејсбук страна се најде кучето Бела, кое лутало во околината на Американската амбасада во Скопје и успеала да си најде дом во Америка.

На страната беа објавени фотки од Бела како ужива во слободата додека ја пренесуваат пилотите-волонтери, а во описот стои текст од Џени Смит која ја раскажува приказната за Бела и се заблагодарува на организацијата за нивната работа.

Приказната на Бела Дуковска:

„Од #Македонија до #Америка со љубов:

Бела Дуковска беше бездомно куче кое шеташе по улиците на Скопје, Македонија и се пикаше во редот за виза надвор од амбасадата на САД. Таа беше таму цел ден и кога стигна најнапред во редот, вработените на амбасадата забележаа колку е слатка и не сакаа да дозволат повторно да лута наоколу, посебно Јана Дуковска (од таму и доаѓа името Бела Дуковска).

Јана и тимот се трудеа многу и Бела доби интернационален лет до Чикаго. Мојот братучед, кој е наредник во Воздухопловство САД и е стациониран во амбасадата, ни се придружи и нѐ поврза сите со вашите прекрасни пилоти кои ја однесоа Бела до Минесота, каде што семејството кое ја вдоми ја чекаше со отворени раце.

Бела уживаше во летот на слободата и се топеше со вашите пилоти. Го обожаваме тоа што вие го правите, ви благодариме Pilots N Paws.“

From #Macedonia to #America With #Love: Bella-Dukovska was a stray walking the streets in Skopje, Macedonia & wondered…

Gepostet von Pilots N Paws am Montag, 3. Februar 2020

Извор: ЦрноБело