Од кабинетот на Пендаровски за ТВ21: Ставот на Вулин не заслужува коментар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ


Откако министерот за одбрана на Србија Александар Вулин испрати недолична изјава, со која секако ја навреди целата држава, а пред се претседателот Пендаровски, ТВ21 побара став од Вила Водно.

Од кабинетот на претседателот на државата, кусо одговорија:

„Таквиот став не заслужува коментар“.

Инаку, Александар Вулин искажа остра реторика и реагираше на изјавата на Пендаровски за „Газета експрес“ кој рече дека е против идејата за корекции на границите меѓу двете Косово и Србија. Вулин на таа изјава даде коментар:

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето“, е ставот на Вулин, а кој го пренесе пренесе РТС.

Ова не е прв пат Вулин да коментира изјава на Пендаровски. И минатата година му порача на претседателот да не се меша околу прашањето на Косово и Србија, порачувајќи му на Пендаровски да ја погледне мапата на Голема Албанија и да види дека и неговата земја е во неа.