Од „Бикаќка“ се оградија од Димитриевски, дали е на повидок тивка „војна“ на СДСМ со својот градоначалник?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Навикнат сум на борба. Во минатото се борев против режим. Дали е на повидок нешто слично?“. Напиша градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на неговиот Фејсбук профил, во врска со ситуацијата во која се наоѓа. Но, на каков режим мисли Димитриевски и дали овие зборови ги упати на неговата партија, СДСМ? Димитриевски со став дека го казнуваат за да ги прекријат пропустите што ги направиле во Куманово.

Но, СДСМ се оградува од изјавите на нивниот сопартиец Димитриевски. Од партијата велат дека Димитриевски го нарекол режим постапувањето на државните институции и законите кои важат за сите исто.

Инаку, Максим Димитриевски поради тоа што не остана во изолација, мерка која му беше изречена откако резултатите покажаа дека е позитивен на Ковид-19, ќе мора да плати глоба од 300 до 500 евра, по надзорот спроведен од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Потврдувајќи ја кривичната пријава за Димитриевски, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостувањето на Телевизија 24 изјави дека во целата ситуација има политичка димензија и дека градоначалникот на Куманово ја испочитувал постапката за тестирањето.