Од 15 јуни почнува туристичката сезона во Грција, без задолжителни тестови, туку по случаен избор

НАШ ПРЕДЛОГ

„Ова што им се прави на граѓаните не го прифаќаме, ние имавме ист став за Велигден, Рамазан Бајрам и за Духовден – рече Мицкоски

„Ние имавме ист став и за Велигден, и за Рамазан Бајрам и за Духовден. Сметаме дека она...

„Мерките се купи ден – продај политика, тие уште повеќе ќе го прошират коронавирусот“, рече Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше и мерките за заштита за ширење на коронаируст. Тој...

„Денеска се создаде метеж поради доцното објавување на полицискиот час, ова ќе ја влоши ситуацијата“, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Владата доцна ги објавила мерките...
- Реклама -

Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, паралелно најави намалување на ДДВ-то.

- Реклама -

-На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција, рече Мицотакис.

Во однос на даночните олеснувања најави намалување од 24 на 13 отсто на ДДВ-то за секој вид на билети за превоз, бидејќи како што рече ја знае важноста „на поевтин превоз со автобус, брод или авион“.

Дополнително, намалување на ДДВ-то ќе има и за кафето и безалкохолните пијалаци, како и за билетите за летните кина.

По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот. 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Мерките се купи ден – продај политика, тие уште повеќе ќе го прошират коронавирусот“, рече Мицкоски

Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше и мерките за заштита за ширење на коронаируст. Тој ги нарече „купи ден, продај...

„Денеска се создаде метеж поради доцното објавување на полицискиот час, ова ќе ја влоши ситуацијата“, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Владата доцна ги објавила мерките за полицискиот час.

„За неполн час вчера се создаде полициски кордон кој требаше да ме лови мене додека ручав со пријателите – се виде кој владее со...

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу работата на полицијата. Тој вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека е познато кој владее со...

Мицкоски: Бројот на заразени со коронавирус четирикратко се зголеми, но никој не сноси одговорност

За бројката на заразени во последните неколку дена, коментираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „КликПлус“ на ТВ21.