ИЗБОРИ

Array

Обвинетиот Младеновски во Судот: „Нинџа“ и УБК го организираа упадот во Собранието на 27 април!

НАШ ПРЕДЛОГ

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград

По протестот пред српскиот Парламент вечерва хаосот продолжи низ централните улици на Белград. Полицијата поради инцидентот употреби...

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори...

Јеремиќ: Власта пушти хулигани меѓу демонстрантите да прават нереди и предизвикаат судири

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, вечерва ја обвини владата дека на протестите испраќа хулигани за...
- Промо -

Обвинетиот Стефан Младеновски, денеска како сведок во Судот го откри главното сценарио за „27 април“ и упадот во Собранието. Тој истакна дека Александар Василевски познат како „Нинџа“ и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасов, се организатори на упадот, потврдувајќи дека протестите имале логистичка поддршка од сите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се знаеше дека ќе треба да се влезе во Собрание на денот кога СДСМ ќе прави Влада и ќе избира претседател на Собранието – рече тој.

Младеновски објасни што се случувало на денот на упадот.

- Реклама -

-Сакавме да одиме на протест но „Нинџа“ ни рече дека е рано. Некаде околу 18 и 40 часот Кољо ни кажа дека Нинџа рекол да тргнеме кон Собранието и тргнавме со група од околу 50 луѓе. Некаде кај Жена парк Кољо ни рече дека се влегува во Собрание и да ставиме маски, при што ставија само неколкумина. Кога ги видов пратениците од СДСМ во прес центарот ми беше јасно дека сме наместени. Се свртев и си заминав. Отидов кон холот. Дојде братот на Никола Митревски Кољо, кој ми ја побара маската, бидејќи јас сум имал капче. Тогаш се упатив кон Жена борец. Го сретнав Нинџа, а со него беше и Кољо. Беше и Игор Југ кој се пожали дека шок бомба му експлодирала во рацете и бил тепан од полицијата – раскажуваше обвинетиот Младеновски кој истакна дека и Дејан Димовски – Боксер, поранешен вработен во УБК бил таму и им рекол дека ги искршил камерите да не снимаат.

-Боксер ни кажа да не се грижиме дека тој ги искршил камерите. Ни кажа и дека во 22 часот претседателот ќе прогласел воена состојба и дека веќе воена полиција била поставена на местото Групчин, кај Гостивар-Тетово. Боксер ни кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша кое работело кај претседателот“ истакна Младеновски.

Тој додаде дека набрзо до нив стигнала информација дека се спремала група вооружени Албанци.

-Тогаш Нинџа отиде да се види со Никола Бошковски-Прскачот. Наводно бил дојден со возило кај градската болница во кое имало оружје, автоматско и полуавтоматско. Го прашав Нинџа што ќе се случи кога ќе дојдат вооружените Албанци и тој рече, дека и тука има луѓе кои знаат да пукаат – изјави Младеновски.

Општиот заклучок бил дека народот е предаден, наместен и тепан. После настанот раскажа дека отишле во ресторанот Дион каде седеле на терасата.

-Од наредниот ден па се до денес Нинџа имаше параноја, не претресуваше и менуваше локации каде да се видиме. Со Никола Бошковски ми велеа да внимаваме што зборуваме и дека тоа засекогаш треба да остане тајна. Нинџа на паузите од судењата му сугерирал да каже дека Кољо бил организатор, односно дека тој ги набавил фантомките – рече Младеновски.

Горанче Ангеловски му се заблагодари на исказот на Младеновски, велејќи дека тоа е вистината, иако е кажана задоцнето.

-Ви благодарам што ја кажавте вистината, иако задоцнето, бидејќи веќе 13 месеци сме во притвор. Сепак ти благодарам што собравте храброст и тоа голема храброст, рече Ангеловски.

Ангеловски го праша Младеновски дали патриотските здруженија биле искористени од партијата, полицијата и од УБК. На ова Младеновски рече дека е сигурен дека сите биле злоупотребени од Владимир Атанасовски и од Нинџа.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Насилните протести во Белград имаат една цел, а тоа е државен удар и земјата мора да одговори на соодветен начин, изјави српскиот...

Јеремиќ: Власта пушти хулигани меѓу демонстрантите да прават нереди и предизвикаат судири

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, вечерва ја обвини владата дека на протестите испраќа хулигани за да прават нереди и да...

За Косово одлуката на Македонија за задолжителен PCR тест е неправедна

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај во интервју за Т7 истакна дека денешната одлука на Владата, за задолжителен ПЦР тест при влез...

Незир Чајани една година парализиран – неговиот татко бара помош за последната фаза од лекувањето на синот

Вкусува храна по повеќе од една година. Незир не можеше да помрдне ниту еден дел од телото, по несреќата што му се...