ИЗБОРИ

Објавен повикот за технолошки развој за брзо прилагодување

НАШ ПРЕДЛОГ

Брзи тестови на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и почнуваат да се користат во...

Жан Кастекс нов премиер на Франција

 Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс назначен за наследник на Едуар Филип, кој утринава поднесе...

Најмалку 19 луѓе загинаа во железничка несреќа во Пакистан

Најмалку 19 луѓе загинаа откако воз удри во автобус, што поминувал на необележан железнички премин во близина...
- Промо -

Објавен е повикот за инструментот за технолошки развој за брзо прилагодување на последиците од КОВИД-19 со што и практично почнува реализацијата на третиот сет владини мерки за поддршка на економијата.

- Реклама -

Како што рече денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, соопштувајќи детали за повикот, мерката се фокусира на развојна поддршка на домашните компании кои имаат потенцијал за успешно работење, а е подготвена во соработка со Светската банка.

Повикот ќе трае 30 дена, до 29 јуни, а заинтересираните ако имаат потреба од понеделник ќе може да добијат и советодавни услуги за аплицирање на товар на Фондот.

- Реклама -

Рокот за реализација на проектите кои ќе бидат поддржани, е 12 месеци.

Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари. Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата: до 750.000 илјади денари за микро, 1,5 милиони денари за мали и до 3 милиони денари за компании со средна големина при што не може да надмине 70 отсто од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30 проценти се средства кои ги обезбедуваат самите компании. Средствата може да се наменат за инвестиции во дигитализација и ИТ системи, реорганизација на работата, унапредување на производите и услугите, набавка на опрема, како и заштитни мерки за работниците.

Компаниите ќе имаат обврска овие средства да ги вратат како процент од бруто добивката во првите три години по завршување на инвестицијата.

Со мерката се опфатени и компании што во последните две години од работењето немаат регистрирано загуба, освен старт-ап компании до три години постоење, кои се изземени од овој услов. Новина е што при бодувањето на апликантите ќе се земе предвид регионот од кој доаѓаат компаниите – ако се од помалку развиен ќе добијат повеќе поени. Предност е предвидена и за компаниите во чиј менаџмент има жена.

Новина во повикот е и тоа што се обезбедуваат бруто плати за лица кои ќе бидат ангажирани на проектот.

Според Деспотовски, предвидената поддршка не е за ликвидност или за опстанување на компаниите, туку за нивно побрзо заздравување.

-Целта на овој инструмент е да се поддржи здравото ткиво на економијата кое очекуваме дека ќе биде двигател на забрзаното заздравување. Очекувам голем интерес. Воведуваме иновативен пристап во финансисрањето. Не даваме кредти и грантови, нема поклон пари. Средствата подразбираат поврат, но не по цена на опстанокот на компанијата и на работните места. Ако сме партнер во добивката, ќе бидеме партнер и во делењето на ризикот. Компаниите ќе имаат обврска овие средства да ги вратат како процент од бруто добивката во првите три години по завршување на инвестицијата. Направивме симулација на моделот која покажува дека 15 отсто од бруто добивката гарантира дека средствата ќе бидат вратени иако е тоа релативно со оглед на кризата, но тоа не нé ослободува од обврската да се обидеме и да го забрзаме заздравувањето, подвлече Деспотовски.

Дополни и дека конкурентниот пристап и овојпат се задржува. Поддршка ќе добијат само оние компании кои ќе достават солидни, конкуреннти проекти.

-Пред една недела реков дека нашата цел не е постојано да зборуваме за предизвици, туку и да нудиме решенија. Денеска сакам да ги охрабрам сите компании од останатите региони, не само од Скопје, да вложат во развојни проекти. Нивниот напор ќе биде посебно вреднуван при оценувањето. Реков и дека лично верувам дека жените се похрабри во преземање ризици и се одлични менаџери поради што во новиот јавен повик имаме посебно бодување за компании раководени од жени, рече директорот.

Дополни и дека критериуми за оценување има четири: ниво на технолошки напредок и степен на дигитализација, квалитет на проектен предлог, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот каде има поктиретриуми: колку предлогот предвидува заштитни мерки за вработените и потрошувачите, како и оценка за тоа како апликантот ќе се однесува на работните места.

Проектите ќе бидат оценувани во фаза на претселекција од стручни лица, домашни експерти, а конечната одлука ќе ја носи Комитетот за одобрување инвестиции составен од петмина странски експерти.

Користењето средствата од Фондот, како и досега, ќе биде предмет на следење од страна на реномирани странски ревизорски куќи, ангажирани од страна на Фондот. 

🔴 [ВО ЖИВО] Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски

🔴 [ВО ЖИВО] Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски

Gepostet von TV21 am Freitag, 29. Mai 2020

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жан Кастекс нов премиер на Франција

 Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Жан Кастекс назначен за наследник на Едуар Филип, кој утринава поднесе оставка на функцијата, јави дописникот...

Најмалку 19 луѓе загинаа во железничка несреќа во Пакистан

Најмалку 19 луѓе загинаа откако воз удри во автобус, што поминувал на необележан железнички премин во близина на градот Шеикхупура, во пакистанската...

ЕК го одобри лекот ремдесивир во ЕУ за тешките случаи на Ковид-19

Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во третманот на тешки случаи на Ковид-19 во ЕУ, јави ДПА

Спасовски: Засега Владата нема да разговара за затворање на границата со Косово и со Србија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговараше за евентуално затворање на северната граница, односно со Косово и Србија.