Новото министерство доби „зелено светло“ – како ќе функционира и за кого е наменето?

Со 61 глас ЗА, пратениците ја усвоија потребата за донесување на Законот за основање на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Законот е испратен во понатамошна парламентарна постапка, на второ читање.

Предлагачот на законот, координаторот на парламентарната група на ДУИ, Ејуп Алими, рече дека со овие измени се предвидува трансформација на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново министерство. Артан Груби, ги објасни обврските на оваа министерство.

Но, со ова не се согласуваат пратениците на помалите етнички заедници. Пратеникот на турското движење, Енис Ибрахими, праша како ќе функционира ова министерство и за кого ќе биде наменето.

Пратеникот, Зеќир Рамчиловиќ, даде поддршка бидејќи етничките заедници кои се под 20%, ќе имаат повеќе права и според него,Рамковниот договор се уште не е целосно спорведен.

Оваа министерство ќе се формира со измени на двата закони, Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, кои се 14 и 15 точка на дневниот ред. Овој предлог е поднесен од пратениците на парламентарното мнозинство.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!