Ново видео од Бејрут: Додека младиот пар се фотографираше настана моментот на страшната експлозија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Страшната експлозија која се случи во вторникот во либанскиот главен град Бејрут однесе 154 жртви, а преку 5.000 лица се повредени.

Овој настан го шокираше цел свет, а видео снимки од моментот на експлозијата не престануваат да кружат по социјалните мрежи.

Заљубениот млад пар стојат прегрнати, но момент подоцна следи експлозија и се почнува да се руши. На нивните лица може да се забележи збунетост, но и загриженост бидејќи не знаат што се случува.

Се околу нив е исполнето со чад и прашина, а летале и парчиња стакло од искршените прозори и излози.

Претседателот на Либан, Мишел Аун во меѓувреме истакна дека инспектори ја истражуваат можноста за странски фактор да имал влијание врз експлозијата.