Новите терапии овозможуваат поквалитетен живот за лицата со ретки болести

НАШ ПРЕДЛОГ

Грција воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС во региони кои се жаришта на коронавирус!

Грчкиот премиер Мицотакис денеска објави дека полицискиот час ќе биде воведен од 00,30 до 5,00 часот наутро...

Трамп и Бајден се среќаваат на последната дебата

Претседателот Доналд Трамп влегува во последната претседателска дебата вечерва и има потреба од големо раздвижување што ќе...

Милан со убедлива победа против Селтик на стартот во Лигата на Европа

Милан го започна своето учество во Лигата на Европа со престижна победа, откако како гостин го совлада...

На Меѓународниот ден на лицата со Гоше, Министерството за здравство ја нагласува својата заложба за понатамошно подобрување на здравствените и социјални услуги за пациентите со ретки болести. 

За пациентите со Гоше, освен дополнителната инфуизона терапија обезбедена во 2018 година, во 2019 година набавена е и орална терапија, со што се овозможи овие пациенти терапијата да ја примаат и дома, наместо примање терапија на секои 2 недели на клиника. Со ова значително се олеснува секојдневното функционирање и се подобрува квалитетот на животот на лицата со Гоше. 

Министерството за здравство, во изминатите две години, освен за лицата со Гоше, обезбеди нови лекови и за пациентите со спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, идиопатска белодробна фиброза, а направен е и електронски регистар кој ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретка болеста – нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. Во 2020 буџетот за ретки болести изнесува 527 милиони денари. За споредба буџетот во 2017 година изнесувал 214 милиони денари. 

Во соработка со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и пациентите со ретки болести, Министерството за здравство изготви Национална Стратегија – стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Покрај обезбедување на терапија преку Програмата за ретки болести, стратегијата дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според Европските регулативи. Воедно оваа стратегија ќе овозможи унапредување на целокупната грижа за лицата со ретки болести,  како и надградба  на знаењата на медицинскиот персонал преку соработка со меѓународни центри за ретки болести.

Рекорд и во БИХ – 999 новозаразени, 20 починати

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа е забележан рекорд од новозразени и 20 починати. Направени со 2.075 тестови.

Претрес во Чегране, пронајдена дрога и приведени две лица

Денеска (22.10.2020) полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошни простории кај А.Б. (32) од с. Чегране и притоа...

Декември, знак прашалник за старт на преговорите – Владата со надеж, но и песимизам

Премиерот е полн со надеж, но истовремено и со прашалници дали ќе започнат пристапните преговори за ченство во ЕУ. Поради ветото кое...

Ракометниот клуб Металург оди во изолација поради позитивен играч на коронавирус

Цел тим на ракометниот клуб „Металург“ ќе оди во изолација бидејќи кај еден од играчите потврден е коронавирус. “Поради...

Одложено судењето за „Меѓународен сојуз“, Боки 13 повторно во болница

Одложено е денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ бидејќи Бојан Јовановски е повторно во болница. Два дена откако...