Нови вработувања во министерствата, буџетот дополнително оптоварен – „Дали намерно се движиме кон буџетски дефицит?“

НАШ ПРЕДЛОГ

Исечени гранки на 13 диви костени во Тетово – граѓаните се жалеле за непријатен мирис и измет

Денеска на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, во близина на комплексот банки и станбени објекти, се исечени...

Наскоро брзи тестови за ковид-19 – Филипче: Јануари ќе биде критичен месец

Во воспоставување на нова стратегија за широко тестирање и тестови кои ќе бидат готови за 15 минути,...

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември

Објавен неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 септември - тестирани...
-Реклама-

Најавените вработувања ќе бидат оптоварување  за државниот Буџет. Ова е оценката   на економистите за најавените вработувања кои деновиве преку огласи осамнаа на сајтовите на одредени министерства.  Предводи  Министерството за Финансии . Таму се бараат  36 лица на определено време,  до крајот на годинава.  За плата  од 15.600  денари за виш референт  па до  околу 30.000 денари за раководител на одделение .  Деновиве огласи осамнаа и на сајтовите на Министерството за одбрана каде за советнички позиции платите би биле од 35 до 50.000 денари. Советници се бараат и во Министерството за образование со основна плата од 50 до 60.000 денари.

Не се работи за зголемување на бројот на вработени  посочуваат преку соопштение од  Министерството за финансии. Од таму велат дека министерството има потреба од овие лица.

- Реклама -

„Се работи за редовна административна процедура за регулирање на работните места од кои Министерството има потреба, а не за зголемување на бројот на вработени. Имајќи предвид дека бевме во изборен период, во кој имаше законска пречка за вработување, сега се создадоа услови за реализирање и пополнување на работните места за определен период до крајот на годинава, а за кои министерството имаше потреба. За оваа намена се обезбедени средства во Буџетот за 2020.“, велат од министерството за финансии.

Вработувањата ќе значат оптоварување на Буџетот, оценува универзитетскиот професор Сами Бислими. Според него ова во европските демократии е неприфатливо.

- Реклама -

„А состојбата на Буџетот ни е сосема јасна. Првите шест месеци од оваа година во споредба со шесте месеци од претходната година дефицитот е 420 милиони евра. Што е отприлика за 4 пати повеќе од претходната година.

Трошоците во Буџетот растат а приходите во Буџетот се помали од 2019 година за цели 8 посто. Ова Буџетско оптеретување со раст на Буџетските трошоци и со намален прилив на приходи ќе не доведе до состојба претпоставуваме на крајот на годинава ние да имаме дефицит во Буџетот отприлика од милијарда евра.“, рече Бислими.

- Реклама -

Ниту е момент за нови вработувања ниту пак фискалниот капацитет е на ниво за нови вработувања, вели Бислими.

„Ние имаме доволен број на вработени дури и преголем во државната и јавната администрација и ако има потреба од луѓе во одредена институција , можат едноставно да ги префрлат од една во друга институција и да се пополни потребниот број на вработувања во тие институции. Зошто има потреба од нови вработувања?“, рече Бислими.

Промената на власта не значи и промена на раководните места и раководните структури, тоа се професионални институции а не партиски вработувања, вели Бислими. Инаку околу 1400 лица кои се вработени во државната администрација по Рамковен договор седат дома а земаат плата. За нив, вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека за брзо време ќе бидат прерарспределени по институции.

Груевски осуден на затвор од 1 година и 6 месеци, условна казна за Јанакиески за „Насилство во Центар“

Една година и шест месеци затвор за експремиерот Никола Груевски за предметот „Насилство во Центар“, пресуди денеска Кривичниот суд. На Груевски му...

Министрите на седница на Владата ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата денеска ќе ја одржи седмата седница, на која министрите ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите...

Во Велес во два наврати силувана 24 годишна девојка

Во Полициската станица Велес, 24-годишна девојка од Велес вчера пријавила дека на 20 септември  во два наврати, во хотел во Велес и во...

Бирократијата за претпријатијата намалена, државата добро котира по индексот на бирократија

Финансиите не се главниот проблем за фирмите во услови на КОВИД. Сега е моментот кога на Компаниите треба  да им се намали...

Сите вистини за лекувањето со масло од канабис

Гостинка во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беше д-р Ирена Витановска со која разговаравме околу лекувањето на болести со помош на...