Нови рекорди на заразени во Хрватска и во Словенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рекордни бројки на заразени со коронавирус и денеска во Хрватска и во Словенија.

Хрватските власти потврдија за новозаразени 1563 лица од 6874 тестирања. Активни случаи во Хрватска сега има 7380. Во последните 24 часа починаа 13 лица, што исто така е рекорд.

На респиратор по хрватските болници се 46 пациенти.

Во Словенија исто така има дневен рекорд на заразени. Во последните 24 часа регистрирани се 1663 нови случаи.

На сила во оваа земја стапуваат на сила некои нови мерки. Фризерските салони може да примаат само по еден корисник. Достава на храна е можна само од 6 до 21 часот.

Во последните 24 часа во Словенија починаа пет лица. Се зголемува и бројот на хоспитализирани по болниците.