Нови девет случаи на коронавирусот на Кипар, претседателот одржа лидерска средба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство на Кипар попладнево соопшти дека се потврдени девет нови случаи на коронавирусот, а вкупниот број лица заразени со Ковид-19 достигна до 67, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи, шест биле во контакт со веќе потврдени случаи, а три сеј лица што се вратиле од Бугарија, Италија и Велика Британија.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, утрово одржа лидерска средба со претседателите на политичките партии, на која станало збор за справување со коронавирусот.

Владин портпарол рече дека во оваа фаза нема да се преземат дополнителни драстични мерки, ниту пак постои, во овој момент, одлука или размислување за забрана на движењето.