ИЗБОРИ

Нови 14 дена вонредна состојба – ако лидерите не се договорат за изборен датум, ќе интервенира државата

НАШ ПРЕДЛОГ

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Српската премиерка Ана Брнабиќ порача вечерва дека Србија секогаш е отворена за мирни протести, бидејќи со тоа...

Зијадин Села во „Изборни дебати“ на ТВ21 одговара дали по изборите ќе коалицира со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Последното прашање од вечерашната емисија „Изборни дебати“ на ТВ21 го поставивме токму на тема која ќе биде...

Апликацијата „Тик Ток“ не работи – забрана или технички проблем?!

Корисници од Северна Америка и Европа денеска информираа дека популарната социјална мрежа за споделување на видеозаписи „Тик...
- Промо -

Почнувајќи од утре, Северна Македонија во наредните 14 дена ќе биде во вонредна состојба. Претседателот Стево Пендаровски го усвои предлогот на Владата и рече дека вонредната состојба не е продолжена поради тоа што партиите сѐ уште немаат договорено датум за избори.  

Сепак, Пендаровски побара од партиските лидери да бидат одговорни и да се договорат за изборниот датум, додавајќи дека државата не може засекогаш да биде во вонредна состојба, туку треба да има политички институции.

На ваков став е и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој побара наредните две недели лидерите да ги искористат за да се договорат за датум, оти во спротивно институциите како што се Собранието, Владата и шефот на државата, ќе преземат одговорност за да го спроведат изборниот процес.

- Реклама -

И техничкиот премиер рече дека ако партиите не постигнат договор, тогаш одговорноста ќе ја преземат институциите.

Покрај собранискиот спикер и техничкиот премиер, на седницата на Советот за безбедност присуствуваше и министерката за одбрана, министерот за внатрешни работи, шефот на дипломатијата, професори, членови на Советот, како и министерот за здравство поканет од Претседателот Пендаровски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зијадин Села во „Изборни дебати“ на ТВ21 одговара дали по изборите ќе коалицира со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Последното прашање од вечерашната емисија „Изборни дебати“ на ТВ21 го поставивме токму на тема која ќе биде актуелна по среда, односно кој...

Апликацијата „Тик Ток“ не работи – забрана или технички проблем?!

Корисници од Северна Америка и Европа денеска информираа дека популарната социјална мрежа за споделување на видеозаписи „Тик Ток“ паднала после 14:00 часот...

Села му рекол на Мицкоски и Заев: Ако формирате Влада само со Македонци, ние ќе формираме Влада само со Албанци

Лидерот на Алијанса за Албанците рече дека им рекол (мислејќи најверојатно на Зоран Заев и Христијан Мицкоски) дека доколку формираат Влада само...

Села: На Албанците им се потребни промени, затоа не треба да гласаат за Али Ахмети

Албанците не треба да гласаат за Али Ахмети бидејќи им се потребни промени, рече вечерва лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села...