Нова Влада се бира во косовското Собрание – поддржувачите на Курти протестираат (видео)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Собранието на Косово со полчасовно задоцнување на почна вонредната седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти за составот на новата влада.

Седницата ја води потпретседателот на Собранието од редовите на ЛДК, Кујтим Шаља, со оглед дека претседателката Вјоса Османи, која е истот така од ЛДК, но се противи на смената на досегашната влада во оставка, водена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти.

Мандатарот Хоти на почетокот на своето обраќање им се заблагодари на лекарите и другите здравствени работници за справувањето со епидемијата на Ковид-19.

Хоти нагласи дека намерата на партнерите од новата владина коалиција за формирање влада била единствено заштитата на човековите права и слободи и напредокот на државата.

Тој рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер претставувало „не баш лесен предизвик“ за него.

– Чувствувам одговорност кон пратениците, кон граѓаните и Уставот за задачите кои не очекуваат. Нација сме на која ѝ треба влада која ќе ѝ служи, а не обратно, влада на која ѝ треба една нација за експериментирање. Појдовме единствено од општествениот интерес. Новата влада нема да има ниедна друга моќ, освен онаа што извира од Уставот, порача Хоти.

Новата влада, рече тој, во ниеден момент нема да го напушти евроатлантскиот пат на Косово, а ќе стори се за да ги интегрира заедниците во сите области на општествениот живот, со обезбедување еднакви можности за сите.

Тој нагласи дека веднаш ќе се заложи за надминување на пречките за продолжување на дијалогот со Србија, за што најави тесна соработка со Европската унија и Соединетите Американски Држави.

Двата приоритети на неговата влада на почетокот на нејзината работа, рече Хоти, се борбата против пандемијата на Ковид-19 и економското опоравување по совладувањето на епидемијата, за што ќе се сработи посебна владина програма, која ќе се заснова на анализа на последиците на Ковид-19 врз економијата.

Новата Влада ЛДК ќе ја формира заедно со Алијансата за иднината на Косово (ААК), Социјалдемокртската иницијатива (Нисма), Српската листа (СЛ) и партиите на другите немнозиснки етнички заедници.

На седницата не присуствуваат пратениците на досега владејачкото Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти.

Пред зградата на Собрaнието се собраа неколку десетици граѓани кои се спротивставуваат на формирањето нова влада и, како и ВВ, бараат одржување нови избори.

Медиумите во Приштина и натаму шпекулираат дека е можно коалиционите партии да не ги обезбедиле потребните 61 глас за изгласување на предлогот за состав на новата влада, што Хоти треба да го изнесе на крајот од неговото излагање.

#LIVE Protesta para Kuvendit te Kosoves

#LIVE Protesta para Kuvendit te Kosoves

Gepostet von RTV21 am Mittwoch, 3. Juni 2020