Нова монтажна болница на Клиниката за пулмологија – 16 општини во земјава ќе формираат регионални Ковид-центри

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нов монтажен објект ќе се гради на Клиниката за пулмологија и алергологија. Веќе е поставена и бетонската плоча, како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел.

Поставувањето на монтажната амбуланта, е посебно значајна за пациентите со белодробни заболувања, бидејќи поради хроничната болест на белодробниот систем, се во најризичната група за добивање ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот. Во новиот објект планирано е да има  четири амбуланти и кабинети со спирометрија.

„Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен“, истакнува репортерката на ТВ21.

Во 16 општини во земјава ќе се формираат регионални ковид-центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови.

Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Во истиот периодот регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1017  кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица повеќе.