Нов земјотрес го потресе Загреб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмографот утринава во 04:15 часот забележал земјотрес со јачина 2,4 според Рихтер со епицентар во Загреб, недалеку од Маркушевца, известува Сеизмолошката служба.

Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил III степен на скалата на ЕМСЦ.

Бројни граѓани на страницата на ЕМСЦ дојавиле дека го почувствувале овој потрес. Најсилно го почувствувале жителите на Маркушевца.

„Ме разбуди од сон. Животните се вознемирија“, „Се се тресеше во куќата, станав од кревет со дете во рацете“, „Се разбуди стариот страв“, се коментарите од граѓаните.

Земјотресот во Загреб се почувствувал и вчера кога градот го погодил потрес со магнитуда 1,4 по Рихтер

По двата силни земјотреси од 5,5 и 4,8 степени според Рихтеровата скала, кои го погодија Загреб во раните утрински часови на 22 март, градот последователно се потресе околу 1.000 пати повеќе, што и беше очекувано.

Умерен земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Загреб на 23 април и тој е четвртиот најсилен по последователните земјотреси што го погодија градот и околината.