Нов театар, стари проблеми – албанскиот театар не е во функција, капе вода од кровот

НАШ ПРЕДЛОГ

🔴 [ВО ЖИВО] Протест во Тетово

Во Тетово попладнево е организиран масовен протест против поскапувањето на струјата. Во продолжение следете...

Костовски: Сценариото се спремало – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот...

Кофа на сред сцена. Дамки на подот и таванот. Ова е само дел од ентериерот на новиот албански театар во Скопје. Ова е од пролетта кога имаше врнежи од дожд. Иако беа потрошени над 10 милиони евра за реновирање на театарскиот објект, новата зграда сè уште со стари проблеми. Актуелниот директор на театарот, Илбер Муртези вели дека овој проблем не може да се санира бидејќи немаат дополнителни средства од Mинистерството за култура и рече дека не можат да стапат во контакт со италијанската фирма која го градела театарот.

- Реклама -

„Немам никаков пристап до нив, еден друг претставник кого го имаат во Македонија, во моментот кога реагирав во медиумите, утредента дојдоа 3-4 работници се качија горе божем работат нешто, но во моментот  нивниот работник вели дека ова е привремено решение, тогаш најголемата грешка е од кровот што го извадија главниот дел што штити од протекување“, вели Илбер Муртези.

- Реклама -

Прокиснувањето на кровот е голема опасност, се пожали Муртези бидејќи капе покрај инсталацијата за струја. Исто така бидејќи капе не сред сцена, нема услови за работа.

- Реклама -

„Имаме основни услови за одржување на пробите, но за одржување премиера и потоа да продолжиме со реприза мислам дека ќе биде малку тешко. Со самиот факт што оваа институција почна со истиот проблем, со прокиснување од кровот, но не беше до ова дереџе да седиме на сцена со кофи и да гледаме каде тече, каде не тече“, додава Илбер Муртези.

Инаку реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје започна во 2013, а заврши во октомври 2019, меѓутоа се уште нема зелено светло за официјално отворање на овој важен културен објект. Министерството за транспорт и врски не им ја дава потребната дозвола. На чело на оваа институција 18 години беше Адем Карага, кадар на ДУИ, а во март оваа година раководството го презема актерот Илбер Муртези, од Алтернатива.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Костовски: Сценариото се спремало – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната...

Бројот на активни случаи од ковид-19 намален под 3.000 – пристапот на широко тестирање дава резултати

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи – 2950. После подолг период бројот на активни случаи е под...

Што по затворањето на Еуростандард банка? Прес на најголемиот акционер Трифун Костовски

Што по затворањето на Еуростандар банка? Во продолжение во живо прес конференција на најголемиот акционер Трифун Костовски:

Пендаровски -Бежоска: Побрзо да се обесштетат депонентите од „Еуростандард банка“

Сите надлежни институции да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со гувернерката на Народната...