Нов роковник, се ажурира избирачкиот список, позитивните на коронавирус ќе треба да се пријават за гласање

НАШ ПРЕДЛОГ

Пронајдени 94 мигранти во товарно возило на патот Радовиш-Штип – возачот и сопатникот во бегство

На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски...

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два...

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден...

Државната изборна комисија се врати во функција, откако лидерите се договорија за датум за избори. Донесен е и роковник во кој важат сите претходно преземени дејствија. Следува ажурирање на избирачкиот список.

- Реклама -

„Значи напоменувам она што е завршено е важечко, конкретно она што се говореше во јавноста подолго време околу јавниот увид во избирачкиот список, тој е веќе завршен и не може да се враќа назад или да се повторува, сега одиме само со доажурирање, односно надополнување на избирачкиот список.“, рече Борис Кондарко, член на ДИК.

- Реклама -

Во следните три денови, Министерството за здравство до ДИК ќе испрати протоколи за време на денот на гласање. Позитивните на коронавирус и тие во самоизолација ќе се раководат по законските норми за болни и изнемоштени лица.

- Реклама -

„Сите лица кои се во изолација, карантин или позитивни на коронавирус, тие треба сами да се пријават дека сакаат да гласаат, па ние тогаш да им обезбедиме комисија да ги посети.“, рече Јанаќе Витановски.

Ова значи дека сите тие треба да се пријават 7 дена пред гласање, но останува не јасно што доколку лицето добива позитивен резултат по рокот за пријавување.

Поради опасноста од коронавирусот, сите вклучени во процесот, освен членовите на ДИК ќе добијат и зголемени надоместоци.

На денешната седница, камен на сопнување беше и медиумското претставување и средставта кои партиите ќе ги имаат на располагање за медиумска камапања.

Борис Кондарко: Вие не сакате да се прати една политичка партија.

Олвер Деркоски: Океј, еве јас ќе го ставам предлогот, дали сте за известување да пуштиме, јас ќе го формулирам до сите листи кои се кандидати

Борис Кондарко: А, не! Не до сите листи

Оливер Деркоски: Ами како?

Борис Кондарко: Согласно законот, до политичките партии…

Оливер Деркоски: Па согласно законот имаат сите право на медиумска кампања и средства…

Вие сакате да ги определиме однапред ние сите четири, е не може тоа! Или одиме со известување и ќе бидеме најкоректни , нај фер кон сите, да ни доставас со кого склучиле договор.

Претседателот, Дерковски повика граѓаните да излезат што помасовно на овие 22-ри избори од независноста на државата.

Во време на пандемија, локални избори се одржаа во Франција, а најавен и втор круг за 28 јуни. Во соседството избори се закажани во Србија и Хрватска.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во поплавите и невремето на грчкиот остров Евија загинаа две лица

Во силното невреме со обилен дожд што го зафати грчкиот остров Евија и предизвика поплави, во два одвоени случаи загинаа две лица...

Светските лидери денеска одлучуваат за помош за Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут,...

Казнети 423 лица за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани...

Клиниката за неврологија изготви „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија“

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.