Нинџа сведочеше за „27 април“: „Настаните беа координирани од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“

НАШ ПРЕДЛОГ

285 активни случаи на ковид-19 во Гостивар – изречени околу три илјади казни за неносење маски

285 активни случаи на коронавирус во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, каде бројот на новозаразени...

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е...

Настаните од 27 април беа координирани директно од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и од екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски. Вака сведочеше Александар Василевски-Нинџа на денешното рочиште за случајот „27 април“. Тој рече дека честопати одел во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дека и на 27-ми бил повикан од страна на тогашниот екс-министер Спиро Ристовски на осмиот кат во седиштето, каде биле и други партиски функционери и од каде всушност биле, како што тврди тој, давани насоките во Собрание.

- Реклама -

-Митко Чавков контактираше со тогашните началници. Тој му нареди на Митко Пешов полицијата да дејствува пасивно. Миле Јанакиески разговараше со пратениците, со Крсто Мукоски, Спиро Ристовски, со водачите на „За заедничка Македонија“, со Богдан Илиевски-Бетмен. Билјана Бришковска пак беше разочарана што Антонио, Илија и Јохан не предизвикаа инцидент, па му нареди на Трајко Вељаноски да се отворат вратите-сведочеше Нинџа.

- Реклама -

Настаните од 27 април би се случиле и порано ако ДИК во тоа време ги прифатеше приговорите на СДСМ и не одлучеше во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -

-Преку Спиро Ристовски се носеше информацијата дека ако Државната изборна комисија не одлучеше во корист на ВМРО-ДПМНЕ, требаше насилно да се влезе во ДИК за да се заплашат членовите на комисијата. 27 април ќе се случеше во тој период ако ДИК одлучеше во полза на СДСМ, но тоа не се случи-стои во исказот на Нинџа.

Сите протести кое беа организирани од Здружението „За заедничка Македонија“ во тоа време беа координирани од ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на сведочењето, Нинџа, рече дека по наредба на Атанасовски биле следени Зоран Заев, Зоран Верушевски, Оливер Спасовски и аналитичарот Алберт Муслиу. Адвокатот на обвинетите, Еленко Миланов, уште на почетокот на рочиштето побара да не се слуша исказот на Нинџа, бидејќи не е веродостоен сведок, поради тоа што досега неколкупати го менувал исказот.  

Сведокот Александар Василевски-Нинџа ја кажа вистината, изјави обвинителката во предметот, Вилма Рускоска.

Додека бев во притвор добивав закани од политички структури и безбедносните служби, додаде Нинџа. Василевски, е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

За делото „организатори на 27 април“ обвинети се екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристоски, Миле Јанакиески, и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев и Гаши имале приватна ручек средба, не се разговарало за формирање влада

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши денеска во хотелот Белви имале приватна ручек средба и на неа не...

СДСМ: Согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев

 СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

Заев утре го добива мандатот за Влада – Претседателот одлучува и наспроти правните дилеми

Претседателот Стево Пендаровски извести дека утре ќе му го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање влада.

Опрема во вредност од 115 илјади евра – кревети, амбулантни возила и медицинска опрема за кичевската болница

Над 80 легла, амбулантни возила, респиратори и друга медицинска опрема за кичевската болница донираше Хуманитарната организација „Класје на добрината“.