Николовски: Граѓаните очекуваат да направиме сѐ за да им ја вратиме довербата – тоа е ѝ нашиот план

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Љупчо Николовски во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва рече дека ќе стори се да ја оправда довербата на граѓаните, односно нивните очекувања.

Николовски кажа дека тоа е и планот на СДСМ.

„Јавноста збори за многу работи, за многу лобирања, за многу групи кај кои може да лобирате да добиете нешто. Ќе бидам прв кој ќе се спротивстави секоја институција да одговори на задачата, на нивото. Граѓаните очекуваат да им ја вратиме довербата во институциите“, рече Николовски.