Николовски: До крајот на годината ќе предложиме кратење на дел од бенефитите на функционерите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Љупчо Николовски вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21.

Меѓудругото, тој најави за време на неговиот мандат како вицепремиер за борба против корупцијата, рече дека до крајот на годината ќе има предлог за кратење на бенефициите на функционерите.

„Да ја намалиме моќта на политичарите, тоа го разговараме. Да предложиме до крајот на годината да нема привилегии“, рече Николовски кој рече дека не стравува дека некој ќе му се налути поради оваа најава.