Никогаш не е доцна – 100 годишен ерген ја пронајде својата вистинска љубов

Во дом за стари лица во градот Ајутаја, Тајланд се венчаше најстариот пар.

Сто годишен ерген Таснга конечно ја пронајде својата вистинска љубов, па се ожени со својата 96 годишна девојка. Двајцата неколку децении беа сами, но сонот за љубов им се оствари откако зачекорија по украсената патека подотвена од страна на вработените во домот за стари лица.

Таснга за време на венчавката изјави дека е среќен што повторно ја пронашол љубовта и дека кога е со неговата девојка се чуствува среќен и млад. Неговата сопруга починала пред повеќе од половина век. На венчавката присуствуваа роднини, пријатели и персоналот на домот за стари лица. Парот, но и венчавката се одржа во стилот на 18 век.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!