Никаква активност кај ТЦ „Мавровка“, уште два дена до истекот на рокот за сопственикот да го сруши објектот

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Синоќа Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа уапсени неколку дилери на дрога во Кичево....

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку...
-Реклама-

Денеска навршуваат осум дена откако сопственикот на дивоградбата беше известен дека треба да ја сруши градбата кај ТЦ „Мавровка“. Иако ова беше крајниот рок предвиден од Општина Чаир, ова не значи дека тој е истечен, бидејќи станува збор за 8 работни дена, објаснуваат од Инспекторатот на о.Чаир.

-Во рокот од 8 дена се сметаат само работните денови, а не и викендите.
Ова значи дека на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“ му останаа уште два дена да биде известен дека треба да го сруши илегално изградениот објект-велат од Општина Чаир.

-Иако рокот е при крај, нема ниту една активност кај илегалниот објект, било за продолжување на градежните работи, било за негово рушење, што е предвидено со одлуката на општина Чаир-јавува репортерката на ТВ21.

Ако сопственикот не го сруши објектот, тогаш тоа ќе го стори општината. Поради тоа, општината на 27-ми јули распиша тендер за избор на компанијата која ќе ја руши градбата. Крајниот рок за доставување на понуди е 5 август. По ова, тече рокот за жалби, а општината ќе може да го сруши објектот 45 од објавувањето на тендерот. Но, од о.Чаир, велат дека објектот треба да го сруши самиот сопственик.

-Мислам дека во рок од 30 дена од истекот на повикот, ќе го имаме тендерот со кој ќе го срушиме објектот. Но, во меѓувреме се надевам и убеден сум, затоа што го објавивме огласот во „Службен весник“ и мислам дека самиот инвеститор треба да го сруши објектот-рече Ганиу.

- Реклама -

Останува да се види дали сопственикот ќе ја сруши градбата или тоа ќе остане во рацете на општината, 5 недели по изборот на компанијата за рушење. Тендерот е отворен и за други потребни на општината и важи една година. Дека градбата што никна кај поранешното кафуле „Фонтана“, треба да се сруши констатираше и Државниот инспекторат бидејќи за објектот нема дозвола за градење.

- Реклама -

Во Лондон судир меѓу полиција и демонстранти, најмалку 32 уапсени

Полицијата во Лондон синоќа се судри со демонстранти кои протестираа против рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по што беа уапсени 32...

Акција на МВР во Кумановско, најдени 28 мигранти во две одделни акции во Лојане и Ваксинце, приведени три лица

МВР денеска соопшти дека во раните утрински часови денеска во одделни акции во кумановските села Ваксинце и Лојане, биле најдени 28 мигранти...

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 31 милион

Бројот на заразени со коронавирусот во светот, според веб-страницата Ворлдометер (Worldometer), надмина 31 милион. САД се најпогодени од пандемијата, каде има речиси седум...

Несогласување во коалицијата СДСМ-ДУИ? ДУИ одлучна, субвенции на вработувања по етнички клуч ќе има

ДУИ не се откажува од најавената мерка дека ќе се субвенционираат вработувања во приватниот сектор по етнички клуч, бидејќи, како што велат...

Дневен хороскоп за недела (20. септември 2020)

ОВЕН Работа: Не е лоша идејата која ја имате, но моментално сконцентрирајте се на моменталните случувања и позицијата која...