Неверојатен пресврт на Вардар и пласман во финалето од Лигата на шампионите!

Ракометниот клуб Вардар ќе игра во финалето во Лигата на шампионите по победата над Барселона од 29:27 во полуфиналниот меч одигран попладнево во „Ланксес Арената“ во Келн.

„Црвено-црните“ од Скопје одиграа феноменално второ полувреме, се вратија од негатива од седум која ја имаа против шпанскиот тим, и на крајот успеаја да го победат ракометниот „џин“.

Во финалето ќе се сретнат против Веспрем кој денеска го совлада тимот на Киелце.

Вардар ќе игра втор пат во финалето, откако во 2017 година го совлада составот на ПСЖ и го освои драгоцениот пехар.