Непочитувањето на протоколите ќе не врати назад – градоначалниците на општините апелираат за поголема внимателност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на  Чаир, Висар Ганиу апелира за поголема внимателност и трпение, со цел што полесно да се надмине состојбата со коронавирусот, и да се продолжи со носење маски, физичка дистанца и постојана дезинфекција на рацете.

-Свесен сум за потрошеното трпение и желбата за враќање во нормала, но опасноста се уште постои и можноста за заразување со вирусот е голема, затоа да бидеме добар пример во врска со оваа ситуација, а не обратно. Да се придржуваме до неопходните мерки за вирусот се до завршување на состојбата-вели Ганиу.

Непочитувањето на протоколите ќе не вратат во условите на карантин и полициски час, вели  првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов , токму затоа ги  повикува сите да ги почитуваат препораките и протоколите на здравствените работници.

Градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи, преку Фејсбук побара од жителите на ова општина да се придржат до препораките на здравствените власти бидејќи бројот на новозаразени во општината е загрижувачки.

-Бараме и ве замолуваме со голема искреност да се придржуваме строго до почитување на препораките, и ќе издвоиме неколку. Да не се среќаваме на плоштадите за разговор, пред маркетите, пред секој бизнис објект или друг јавен простор. Да ја почитуваме мерката за физичко растојание од минимум 2 метра еден од друг. Да користиме маски и ракавици-рече Арифи.

Останува на Комисијата за заразни болести и владата , да ја следат состојбата и врз основа на бројот на ново заразените ќе се предложи карантинска мерка за одредени општини во Скопје , каде што бројот постојано расте.