Нема доволно паркинг на Попова Шапка, туристите пешачат и по три километри

Викенд е. Голем е бројот на оние кои одлучија денот да го поминат на Попова Шапка. Но, за да стигнат до таму, мораат да пешачат околу 3км. Сето тоа поради што нема доволно паркинг места.

АНКЕТА

-Нервозен сум, не можам да зборувам, види каде не застанаа.

-За скијање е добро, но автомобилот го паркиравме многу далеку.

-Досега е добро, немам жалби, се е подобро и жичарата работи. Автомобилот го оставивме 3 километри далеку. Треба да направат паркинзи.

Поради немањето паркинг на Попова Шапка, загрижени се и бизнисмените кои работат во овој туристички центар.

„Додека трае училишниот распуст, имаме поголема посетеност иако има жалби од домашните посетители поради недостатокот на паркинзи. Денеска имаме намалување на бројот на гостите поради паркинзите и малтретирањето, 3-4 километри да пешачат. Имаме намалување за 50% поради проблемот со паркинзите.“, рече Хашим Хасани.

На Попова Шапка доаѓаат туристи и од Албанија. Еден од нив вели дека 5 години по ред доаѓа тука, но дека не видел ниту една нова инвестиција.

„Ова е петта година како  носиме туристи од Албанија и има доста заинтересираност за посета и за да се пробаат скијачките патеки на Попова Шапка. Но, освен  деградација на инфраструктурата во Попова Шапка, нема ништо ново што се однесува до инфраструктурата. А што се однесува до инвестициите што треба да ги има на Попова Шапка, тоа го немаше овие пет години“, вели Елтон Аполони од агенцијата Викенд Травел од Тирана.

„Според мене, ништо не е сменето од пред  четири години. Скијачките патеки се употребливи и се терени кои на нас ни овозможуваат да се движиме по нив, како за скијање, така и од жичарата. На Попова Шапка треба да има повеќе инвестиции во делот на кафулињата, рестораните, кои треба да бидат поблиску“, вели Иса Кулаци, туристка од Албанија.

Инаку туристичкиот центар Попова Шапка се простира на површина од 110 квадратни км, од кои во моментов во употреба се само 12 км квадратни. Поради лошите услови во овој туристички центар пред неколку дена протестираа граѓани и невладини организации.

Репортер: Арменд Абази