Негувателка позитивна на ковид-19 – децата за кои се грижела без симптоми на вирусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Воспитувачка во градинката „Младост“ во Тетово позитивна на Ковид-19.

Освен неа, во изолација се испратени и две деца за кои се грижела, иако тие сега за сега не покажуваат знаци на вирусот. 

Во моментов негувателката е во добра здравствена состојба.

Во Тетово денеска се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19. Инаку, од отворањето на градинките во Тетово позитивни на коронавирус излегоа две негувателки.