Неготино: Родител го оставил детето во градинка и отишол да се тестира, резултатот е ПОЗИТИВЕН

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Родител од Неготино во четвртокот го оставил своето тригодишно дете во градинка, а потоа отишол да се тестира за коронавирус, каде резултатот испаднал позитивен, информираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Од таму велат дека иако мајката не се тестирала, на детето ќе му биде направен тест.

Инаку, во градинката во која престојува детето денеска е потврден позитивен случај кај дете на иста возраст, кое било тестирано затоа што имало симптоми.

Во моментов во изолација се 13 деца, воспитувачка и негувателка.

Во изминативе 24 часа потврдени се 20 новозаболени ковид случаи во Тиквешко.