„Не давам оставка, се додека не го откријам скандалот со 2,2 милиони евра, „приказната“ на Тортевски со магарињата има позадина “, рече Димова

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Во врска со ВМРО-ДПМНЕ кои бараат моја оставка. Морам да ги разочарам и да кажам дека оставка нема да дадам се додека не откријам како се проневерени 2,2 милиони евра“, рече Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на денешната прес-конференција.

„Тие велат дека се плашат дека јас ќе сум ги избришела податоците. Нека не се тревожат, системот во Брисел е таков што сите податоци се запишуваат автоматски, таму нема бришење“, рече Димова.

На објавата со магарето од страна на Тортевски, таа реагираше дека тоа е еден вид одмазда на Тортевски, поради тоа што не ги добил очекуваните пари од еден проект.

„За проектот со магарињата. Ако одите на веб-страната на Националната Агенција, таму има еразмус проект. И има алатка по која наоѓате проекти. Може да внесете било што: пчели, магаре… Ви ги кажува сите проекти во врска со магарињата и ќе ви каже колку држави учествувале во тој проект. Не се магарињата толку смешни колку што Тортевски сакаше да направи приказна. И таа приказна не беше случајна, таа небулоза од Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, затоа што тој има тужба кон Националната Агенција затоа што имаше еден проект за кој јас ги скратив средствата и ваквите пишувања на Тортевски имаат еден вид позадина“, рече Димова.