Не биле само домаќинствата и автомобилите, за една градинка, 20 тони нафта за греење за една сезона

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули тврди дека Планот за чист воздух добил добил голема меѓународна поддршка на министерскиот состанок на Југоисточна европа и Обединетите нации делот за животна средина. Макрадули вели дека патот по кој треба да се движи Македонија е штедење средства и зачувување на животната средина. Тој посети училиште во Ново Лисиче каде што начинот на греење, наместо со нафта, ќе биде со пелети. Токму ова го посочи како еден од начините за намалување на загаденоста на воздухот. Но, во неговата изјава за податоците за количините на нафтата кои се трошат за загревање на јавните институции Макрадули практично признава дека автомобилите и домаќинствата не се единствените големи загадувачи на воздухот.

„Фрапантен е податокот колку трошиме како држава на нафта за затоплување на јавните институции, најмногу во училиштата и градинките и плус се загадува средината. Показателите покажуваат за една градинка во центарот на градот во време на зимскиот период се трошат 20 тони нафта, а знаете дека цената на нафтата е 50 денари. Практично, за 10 пати поефтино можеме тоа да го направиме со инвертор или со некој друг извор на греење“, изјави Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Кој министер ви остави најдобар впечаток во 2018 година?

View Results

Loading ... Loading ...