Научници започнаа со тестирање на вакцина против коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американски научници денеска започнаа со првите тестирања на вакцина против коронавирусот, а ќе учествуваат 45 здрави волонтери.

Вакцината што ќе ја примат во центарот во Сиетл не предизвикува Ковид-19, туку содржи генетски код кој е безопасен, а е ископиран од вирусот што ја предизвикува болеста.

Експертите велат дека ќе бидат потребни неколку месеци пред да се знае дали вакцината ќе функционира.

Зад ова истражување стои биотехнолошката компанија „Модерна терапеутикс“, која вели дека е направена со користење на познат и веќе тестиран процес.

„Оваа вакцина користи веќе постоечка технологија. Направена е според многу високи стандарди и оние што ќе учествуваат во тестирањето ќе бидат постојано набљудувани“, изјави д-р Џон Трегонинг.