НАСА успешно ја лансираше ракетата на Илон Маск со двајца астронаути

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ракетата на Илон Маск со двајца астронаути, беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида. Ова означува нова ера на патувањата во вселената.

Првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената. Во капсулата „Дрегон“ се наоѓаат астронаутите Боб Бенкен и Драг Харли. Тие ќе поминат одреден период во Меѓународната вселенска станица. Летот ќе трае 19 часови.

Историскиот лет требаше да се случи на 27 мај, но беше откажан 17 минути пред полетувањето поради лоши временски услови.

Следете го во живо летот на астронаутите: