Напаѓачот од Нов Зеланд бил на Балканот, но не и во Македонија

Брентон Харисон Тарант, убиецот на муслиманските верници на Нов Зеланд, бил во неколку земји низ Балканот, меѓу кои и соседните Србија и Бугарија, но најверојатно ниту еднаш не бил во Македонија, или барем до вчера немаше такви информации од нашите институции.

Вчера Хрватите и Бугарите соопштија дека „крвникот“ бил во посета на нивните земји.

Министерството за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека Тарант бил во земјата во 2016 и во 2017 година. Во Загреб стигнал со авион од Дубаи, а од таму со автобус патувал низ Црна Гора и низ Босна и Херцеговина, како и низ Србија. Во Хрватска се задржал дури 31 ден.

Сепак, ова не била првата турнеја на Тарант низ Балканот. Тој во 2016 година стигнал во Софија, повоторно од Дубаи. Бил во неколку градови низ Бугарија. Од таму заминал во Романија, во Букурешт.

Во моментов полицијата во Нов Зеланд соработува со сите земји во кои се движел Тарант. Се испитува од каде го набавил оружјето, со оглед дека на него имало имиња испишани со кирилично писмо, на историски личности од овие простори.

Тарант во напад на две џамии во Крајстчрч уби 50 луѓе. Целиот напад го емитуваше во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!