Најмалку 50 лица загинаа во експлозијата во Бејрут – Макрон испраќа помош за Либан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут е двојно зголемен на најмалку 50 лица, со уште многумина стравувани од драстично зголемување на жртвите по екплозијата, изјави министерот за здравство Хамад Хасан пред новинарите вечерва пред болницата.

Најмалку 2.750 луѓе се повредени во масовната експлозија што го потресе главниот град, рече Хасан.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

Спасување и помош се упатија кон Либан, рече францускиот претседател 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „спасувањето и помошта“ се на пат кон Либан, по масовната експлозија во Бејрут.

„Ја изразувам мојата братска солидарност со либанскиот народ по експлозијата што предизвика толку многу жртви и толку многу штета вечерва во Бејрут“, твита Макрон.

Макрон, исто така, разговарал по телефон со својот либански колега Мишел Аун, по инцидентот, изјави Елисеј за Си-Ен-Ен.