Најмалку 19 луѓе загинаа во железничка несреќа во Пакистан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 19 луѓе загинаа откако воз удри во автобус, што поминувал на необележан железнички премин во близина на градот Шеикхупура, во пакистанската провинција Пенџаб.

Во несреќата повредени се десетина лица, од кои неколкумина се во тешка здравствена состојба.

Патниците во автобусот се Сики кои патувале кон едно од најголемите светилишта што се наоѓа во близина на градот Нанкана Сахиб.

Возот што удри во автобусот сообраќал од Лахоре за Карачи.