Најдени нови вакцини со декларации со истечен рок

При инспекцискиот надзор на терен, најдени се нови вакцини со залепени декларации со истечен рок, и тоа на еден ден пред посетата на претставници на белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.

Засега не е откриено колку вакцини МРП со погрешни декларации се најдени, и во кои здравствени домови биле дистрибуирани. Исто така инспекцијата правела и проверка на целата документација на компанијата „Македонија лек“, увозник и дистрибутер на оваа вакцина. Истрагата ќе утврди дали и на овие вакцини се залепени погрешни декларации како што беше случај со неколкуте најдени за кои информираше и министерот за здравство Венко Филипче.