Над 500 000 евра годишно за советување на Заев, за Здружението на даночните советници, непотребен товар за граѓаните

https://www.youtube.com/watch?v=-sKjAWLM6JY

ТВ21 обезбеди документ од владиниот кабинет за 55 експерти кои што го советуваат премиерот Заев, а кои ги чинат граѓаните вкупно 45.783 евра месечно или речиси над половина милион евра на годишно ниво.

Според официјални податоци 10 советници, 13 специјални советници и 32 надворешни соработници  се ангажирани во кабинетот на премиерот во периодот од јули 2017 до март 2018 година.

Според пресметките, просечната плата на овие експерти изнесува 950 евра месечно, односно 11.450 евра годишно.

„10 Советници заедно примаат месечна бруто плата 10.588.00 евра или над 127 илјади евра годишно. 13 специјални советници добиваат месечна бруто плата од 15.870.00 евра или 190 илјади евра годишно“, Влада на РМ, Кабинет на премиерот.

Од почетната листа со 56 советници повлечен е Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, кој беше назначен за надворешен соработник за внатрешна безбедност и борба против радикализмот. Со највисока месечна плата од 1.500 евра, на чело на листата е Зоран Башановиќ, надворешен соработник за економски прашања. 7 од надворешните соработници се доброволно ангажирани, без паричен надомест.

„32 надворешни соработници добиваат хонорар, ангажирани се со едногодишен договор и за нив не се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Месечните приходи за сите надворешни соработници ја достигнуваат бројката од 19.355.00 евра месечно, или 232 илјади евра годишно“, – Влада на РМ.

Од Здружението на даночните советници на Македонија велат дека големиот број советници се непотребен товар за граѓаните. Претседателот на ова здружение, Павле Гацов, рече дека владата имала вработени лица по секторите, кои се квалификувани за вршење на истата функција без притоа да има потреба од посебни советници или надворешни соработници во кабинетот на Заев.

Даночниот експерт вели дека од овој кадар има исклучоци, но се сомнева во продуктивноста во работата на повечето од нив.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја обвинува владата за изборот на советници и надворешни соработници. Од опозициската партија на Мицкоски, велат дека бараат објаснување во однос на квалификациите на некои од советниците, кои што, според нив, се вработени за да се исполнат предизборни ветувања на Заев.

Аднан Ќаили

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТВ21 АНКЕТА

Колку сте задоволни од услугите на лизинг компаниите?

View Results

Loading ... Loading ...