На Венера пронајден гас што може да сугерира живот

НАШ ПРЕДЛОГ

Телефонски разговор Заев – Борисов: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на С.Македонија

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, истакнал бугарскиот премиер Бојко Борисов во...

Повеќе од 100.000 демонстранти на улица против Лукашенко

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар...

Трамп ќе бара Бајден да се тестира на дрога пред нивниот прв дуел

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека силно ќе се залага неговиот противкандидат на претседателските избори во...
-Реклама-

Во атмосферата на Венера се откриени траги од гасот фосфин, што може да навести досега непознати за науката процеси на оваа наша соседна планета.

Имено, тоа ги покренува претпоставките дека може да има живи организми во облаците во Венера, бидејќи присуството на фосфинот на Земјата е признак на живот, објави Би-би-си.

- Реклама -

Фосфинот е гас чија молекула се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, соединението се поврзува со живот, т.е. со микроби кои живеат во цревата, на пр., на пингвините или во средини со послабо присуство кислород, како што се мочуриштата.

Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен, а го произведуваат бактерии на кои не им е потребен кислород. Така, се поставува прашањето – од каде потекнува фосфинот на Венера?

- Реклама -

Со оглед на сè што знаеме за Венера, никој сè уште не е во можност да го опише абиотскиот пат до фосфинот, барем не за откриените количини. Тоа значи дека животниот извор на фосфин е можен.