На светските берзи историски пад на нафтата, во Македонија поскапеа горивата, се зголеми акцизата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изолацијата поради корона вирусот и забраната за секаков вид транспорт во светот, изгледа имаше свој ефект и врз берзата на нафтата во Америка.

„Нафтените деривати вчера забележаа драстично или историско намалување на светската берза. Тоа е поради фактот што цената се намали на помалку од нула долари.“, вели репортерот на ТВ21.

Овој пад во светската берза нема да влијае врз цената на нафтените деривати во нашата земја бидејќи цената на нафта зависи од италијанската берза. На европската берза засега нема промена на цената на нафта.

Промените на американската беза, но и на другите, кои ќе се случат оваа недела, кај нас ќе се одразат следната недела.

Од денеска се зголемува акцизата на горицата за три денари. Со ова зголемување, до септември Владата цели да обезбеди 18 милиони евра, а 31 милион до крајот на годината. Овие средства ќе се користат во борбата против економската криза предизвикана од Ковид-19.

За Бислимовски, зголемувањето на цената на акцизата не претставува проблем бидејќи, како што рече тој и како што соопштија од владините служби, Македонија има најниска акциза во регионот и зголемувањето нема да влијае врз финалната цена на нафтените деривати.