На Светот ќе му треба повеќе храна, месо од лабораторија ќе биде нормално производство

Континуираниот раст на светската популација ја зголемува потребата за храна. Според статистиката на Светската агенција за храна, до 2050 година човештвото треба да произведува 70 проценти повеќе храна од денес. Ако денес производство на месо во лабораторија е неприфатливо, тоа ќе биде нормално во иднина, велат експертите. Според нив, нужни и неопходни се инвестиции во иновации во земјоделството. Универзитетската заедница тоа го гледа и во спин офф компании.

„А, тоа е да развиваме модел на претприемачки универзитет. Ќе вклучува дополнителна улога на комерцијализација на знаењето и ќе даде поактивен придонес во развојот на приватните претпријатија во локалнатѕа  и регионалната економија. Низ минатите децении видливо станува универзитетското претприемништво . Универзитетите одат од традиционални кон претприемачки универзитети.“, рече Билјана Атанасова.

И од Стопанската комора на Македонија се свесни за потребата од развој на земјоделството од примарно кон секундарно и инвестирање во нови технологии и компјутеризација на производството со што донекаде би се компензирал и недостигот на работна рака.

„Потребна е заедничак акција на сите факторит, да се делува заеднички кон наогање начин з аедукација за користење на иновациите, современите технологии и опремата, подобрување на врските меѓу производителите и препработувачите, а и зајакнување на советодавните услуги кон земјоделците кои се неопхоидни на македонскиот аграр“, истакна Габриела Богданова.

Македонското земјоделство преку годината вработува 60 илајди, а преку сезона уште 60 илјади работници. Иновациите во овој сектор ќе доведат до намалување на дефицитот, сметаат од ресорното министерство.

„Пласирањето на одредени производи и максимално инвестиции, технологии, следење на иновации е начинот на кој може да бидеме многу поконкурентни,  да го намалиме овој дефицит. Веќе ние имаме дефицит од околу 190 милиони евра. Покрај тоа што извозот се зголемува и увозот се зголемува“, вели Трајан Димковски.

Од програмата за рурален развој  еден процент оди за Фондот за иновации, велат од минстерството. Според пресметките, тоа изнесува  20 милиони и 300 илјади денари.

Репортерка: Катерина Дафчева