На Скопскиот аеродром пристигна донација од Катар за справување со Ковид-19

НАШ ПРЕДЛОГ

Ајет е една година без пасош – нашите државјани во Словенија останале без документи

Неколкумина наши државјани кои живеат во Словенија останале без пасоши. Еден од нив  е Ајет Зеќири. Тој...

Многу жалби доставени до Омбудсманот – кичевските административци без решенија, се жалат од пензинскиот фонд

Граѓаните кои не успеваат да завршат работа во државните институциите, се обраќаат во канцеларијата на Народниот правобранител.

Има начелен договор помеѓу Заев-Ахмети – проблем сѐ уште претставува премиер Албанец

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и  ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите...

На Скопскиот аеродром денеска пристигна донација од Катар за справување на земјава со Ковид-19. Донацијата ја пречекаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во улога на национален координатор на странска помош во земјава, во присуство на Хамад  Ал – Махмоод, вршител на должност амбасадор на Државата Катар во земјава.

Донација од Катар за Македонија за справување со Ковид-19 – изјави на Бујар Османи, Венко Филипче и Амбасадорот Хамад Јасим Ал-Махмуд

🔴 [ВО ЖИВО] Донација од Катар за Македонија за справување со Ковид-19 – изјави на Бујар Османи, Венко Филипче и Амбасадорот Хамад Јасим Ал-Махмуд

Gepostet von TV21 am Dienstag, 19. Mai 2020
- Реклама -

Вицепремиерот Османи во името на Владата и од името на граѓаните, упати  благодарност до вршителот на должност амбасадор на Катар во земјава, но и до народот на Катар за донираната помош за нашата земја, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

- Реклама -

– Се работи за голема количина, преку осум тони заштитна опрема која се состои од:
близу 500.000 хируршки маски, околу 90 илјади трослојни медицински и хируршки маски, над 70 илјади заштитни маски N95. Покрај маските, пакетот содржи и десетици илјади заштитни очила, заштитни шлемови, заштитни скафандери, заштитни ракавици, истакна Османи.

- Реклама -

Нагласи дека се работи за опрема која ни е потребна, која сериозно ќе ги зацврсти нашите капацитети особено во здравството и здравствениот систем, кои секако ја претставуваат првата линија на одбрана од коронавирусот.

– Обезбедувајќи ги овие донации од нашите меѓународни пријатели, обезбедуваме и сериозни заштеди во буџетот, што во време на соочување со економските предизвици од пандемијата е исто така многу важно, додаде Османи.

На примопредавањето на донацијата в.д. амбасадорот на Државата Катар, Хамад Ал Махмоод нагласи дека денешната хуманитарна помош е донесена преку Катарскиот фонд за развој и во насока на  поддршка на Владата на Република Северна Македонија во борбата против пандемијата Ковид-19, притоа потенцирајќи дека нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од државата Катар и изрази надеж дека оваа глобална пандемија наскоро ќе заврши.

Вицепремиерот Бујар Османи во вестите во 15:15 часот за медицинската помош од Катар, за мерките, полицискиот час престојниот викенд и за изборите

Gepostet von TV21 am Dienstag, 19. Mai 2020

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Многу жалби доставени до Омбудсманот – кичевските административци без решенија, се жалат од пензинскиот фонд

Граѓаните кои не успеваат да завршат работа во државните институциите, се обраќаат во канцеларијата на Народниот правобранител. Во канцеларијата...

Има начелен договор помеѓу Заев-Ахмети – проблем сѐ уште претставува премиер Албанец

Пред повеќе од една недела лидерите на СДСМ, Зоран Заев и  ДУИ, Али Ахмети ги почна преговорите за коалиција. Не е кажано...

До трето одделение во клупи, другите онлајн – ЕУ Клик: Коронавирусот и образованието

Првачињата, учениците од второ и трето оделение ќе седанат во училишните клупи, а пак другите ќе следат онлајн настава од дома. Ова...

Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да се утврди на кој начин...