На Конвенција претставени кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на вечерашната конвенција на партијата посочи дека ќе го победи Зоран Заев дома, а потоа ќе следи одговорност.

„Јас ја имам таа обврска  да ја предводат листата во 4та изборната единица и тука сакам нешто да ви ветам: „Ќе го победиме Зоран Заев дома, затоа што победите на гостински терен се најслатки“, порача Николовски.

Ностителот во 5-та изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Игор Дурловски пак истакна дека ќе се бори со сета сила за да се врати достоинството на Македонецот.

„Наша задача е да се бориме за вистинска слобода на македонскиот народ и на сите останати во Република Македонија. Сакам да ве уверам дека, од мене ќе добиете искрена борба, мотивација, работа, знаење и победа! Ќе се потрудам да стигнам до секој граѓанин, да стегнам сечија дланка, да  го погледнам во очи Македонецот, да го охрабрам  да  се придружи за да го вратиме заеднички оптимизмот кој што ни беше одземен“, појасни Дурловски.

Носителот на ВМРО-ДПМНЕ во 6-та изборна единица Дафина Стојаноска им порача на СДСМ дека тие го одбрале патот кој не одвел во рекет и криминал и оти време е за обнова на Македонија.