На денот на гласање со маски и ракавици – да нема активности во штабови, туку на отворено

НАШ ПРЕДЛОГ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за...

Задолжително носење маски, одржување дистанца, често дезинфицирање на рацете и проветрување на просториите. Ова се дел од правилата кои ќе треба да се запазат на денот на гласање. Овие препораки ги изготви Комисијата за заразни болести, по барање на Претседателот Стево Пендаровски за одржување на изборите.

- Реклама -

„Овој Протокол ја содржи и кампањата, и изборниот ден. Да појасниме уште еднаш: не е Протокол, туку препораки доставени од Комисијата за заразни болести. Денеска имавме средба во Влада, каде ни рекоа дека тие препораки се дефинитивни. Согласно овие препораки, ние како ДИК, треба да ги донесеме нашите подзаконски акти, кои ќе ги донесеме можеби и од генералните препораки на Владата и ќе ги изготвиме регулативите за работа на денот на изборите, како за изборните комисии, за граѓаните, гласачите и избирачките одбори“, истакна Дитмире Шеху.

- Реклама -

Првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски пред неколку дена изјави дека бараат Протокол за избори, а не препораки, но Шеху, рече дека на денешната средба во Влада, се договориле да работат согласно препораките кои ги добиле од Комисијата за заразни болести.

- Реклама -

„Протоколот за денот на изборите предвидува сите членови на избирачките одбори и набљудувачите да носат маски и ракавици, да седат во простории со отворени прозорци или често да ја проветруваат просторијата. На секое избирачко место мора да има средства за дезинфекција. Гласачите да бидат на растојание од два метра и пред да влезат на гласање да ги дезинфицираат рацете. Маската треба да ја тргнат кратко само заради идентификација, а по гласањето повторно да направат дезинфекција на рацете. Во просторијата никогаш да нема поголем број на гласачи од боксовите за гласање. Комисијата исто така препорача, ако е можно времето за гласање да се продолжи за дополнителни два часа“, посочуваат од Комисијата за заразни болести. 

Протоколот исто така предвидува и сите активности да се одвиваат со почитување на физичката дистанца од еден и пол до два метри, задолжително носење заштитна маска и често миење на рацете, за време на сите партиски активности во затворени простории, но и на отворено кога не може да се одржува дистанца.

Кампањата „Од врата на врата“ да се реализира со заштитна опрема, физичка дистанца и да не се влегува во домаќинствата, туку само до врата или двор. Партиските активности наместо во штабови, да се одржуваат на отворено, но ако е неопходно да се одржуваат во затворено, да се почитуваат сите мерки, да не траат повеќе од два часа и по завршувањето да се изврши проветрување и дневна дезинфекција.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...

Скопскиот аеродром „мост на корона“ за Европа – 24 патници од летот Скопје-Турку позитивни на ковид-19

24 патници од летот Скопје-Турку, Финска, биле позитивни на коронавирус. Тие во саботата полетале од Скопје кон јужниот град во Финска, и...