На 18. јуни пресуда за „Рекет“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пресудата за случајот „Рекет“ ќе биде соопштена на 18. јуни во Кривичниот суд. Ова го соопшти денеска судијката Васка Николовска – Масевска откако завршни зборови даде Катица Јанева и нејзината одбрана.

Вчера завршни зборови даде и првообвонетиот Бојан Јовановски.

Двајцата истакнаа дека не се чувствуваат виновни, и дека Обвинителството нема докази за делата кои им се товарат.

Во случајот рекет покрај Јовановски и Јанева, обвинет е и Зоран Милевски – Кичеец кој го призна делото, и беше осуден на три години затвор.