24 позитивни лица на коронавирус од Скопје слетале на аеродром во Финска

НАШ ПРЕДЛОГ

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Синоќа Министерството за внатрешни работи спроведе акција во која беа уапсени неколку дилери на дрога во Кичево....

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалната мрежа „Фејсбук“ се јави по нападот попладнево на лекар на...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку...
-Реклама-

Финскиот надлежен министер денеска посочил дека на аеродромот во Турку во Финска 24 од вкупно 157 патници кои пристигнале со лет од Скопје се позитивни на коронавирус, пишува Ројтерс.

„Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Северна Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со корона вирус во Финска“, изјави министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.

- Реклама -

Тие пишуваат дека министерката најавила воведување на задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патници од одредени земји со висок ризик.

Задолжителниот двонеделен карантин и можниот случаен тест за коронавирус по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштија властите.

- Реклама -

Минатата недела, новите инфекции со коронавирус во Финска биле околу 2,3 на 100,000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи потврдени до понеделник.

Киуру вели дека авиокомпанијата ќе мора да им најави на своите патници дека ќе бидат тестирани при доаѓањето на финската територија, а кршењето на двонеделниот карантин ќе се казнува со три месеци притвор или парична казна.

Индонезија со оригинална казна – доколку одбијат да носат маска ќе копаат гроб за починат од Ковид-19

Индонезија, се чини, се истакнува со оригиналните казни за неносење маска за да се спречи ширењето на коронавирусот. Имено, оние кои одбиваат...

Фекалии два дена течат по улица во скопско Црниче, жителите стравуваат за нивното здравје (ВИДЕО)

Два дена во скопската населба Црниче течат фекалии по улица. Локалните жители велат дека случајот е пријавен кај надлежните, но засега...

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку хематоми и расекотини, при што...

Од гинекологија со детали околу починатата родилка и нејзиното бебе

Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена...

Ципрас ѝ препорача на актуелната грчка Влада да се придржува до Договорот од Преспа

За одредените доцнења во имплементацијата на Договорот од Преспа, половина од одговорност е на Владата на соседната земја, а половина на нашата...