Музејот на ЕВН во туристичка понуда на Скопје: Хидроцентралата Матка произведува струја од 1938 година

https://www.youtube.com/watch?v=yR8uKVcs9Z0

Беше првата хидроцентрала во Македонија која произведувала електрична енергија, а денес е музеј и дел од туристичката понуда на главниот град.

За официјализирање на соработката, потпишан е меморандум меѓу Управата на ЕВН и властите на Град Скопје. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека ова ќе им служи на туристите за забава, а на учениците да научат како се произведува електрична енергија.

„Најпрво, имавме над осум илјади посетители во првата година од отворањето на оваа централа. Второ, сега имаме ногу деца овде кои ќе научат како да ја користат електричната енергија, како се произведува и пренесува, бидејќи станува збор за комплексна ситуација“, вели Петер.

Отворањето на музејот на ЕВН, ја збогатува туристичката понуда на Скопје рече градоначалникот, Петре Шилегов.

Наспроти големиот интерес од домашните и странски посетители, тие се жалат на лошата инфраструктура која им го отежнува пристапот и престојот на Матка.

Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај, на чија територија се наоѓа кањонот, рече дека приоритет ќе им биде проширувањето на улицата и обезбедување доволен број паркинг места. Според него, тие се уште се во фаза на преговори со властите на Град Скопје за изработка на проект за реконструкција на инфраструктурата.

„Секако дека тоа останува една од нашите обврски и приоритети и наскоро ќе имаме работни средби со господинот Шилегов. Имајќи ги предвид законските надлежности кои што се такви, секако дека имаме предвид, но ќе ги објавиме деновиве“, порача Беџети.

Во овој центар има околу 30 експонати, кои со помош на интерактивен и мултимедијален пристап им овозможуваат на посетителите да стекнат нови знаења за електричната енергија. Претставници на неколку универзитети од Македонија, од средни и основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишаа иницијатива за користење на музејот за наставно-едукативни цели.

Аднан Ќаили