Муковски ги прими демонстрантите во својот дом, тие задоволни од средбата со пратеникот

Демонстрантите кои протестираа вчера пред домот на пратеникот Крсто Муковски, разговараа со пратеникот и во мирна атмосфера ги решија сите несогласувања. Од „Единствена Македонија“ испратија соопштение во кое што го истакнуваат задоволството од гестот на Муковски и разговорите остварени во неговиот дом синоќа.

„Во пријатна атмосфера на кафе средбата со домашна македонска ракија направена лично од домаќинот Муковски, беа разменети мислења за актуелната состојба во државата во која марионетската власт во Скопје е во очајнички поход по секоа цена да избрише се што е македонско и зошто пратеникот Муковски не треба да учествува во ова национално злосторство спрема македонскиот народ и македонската држава.

Ја информираме јавноста дека изразуваме задоволство од исходот на средбата. Сеуште ништо не е готово. По средбата со пратеникот Муковски, сега со големо охрабрување ги очекуваме и наредните средби со останатите уценети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.