Отворени ковчези фрлени на депонија ги преплашија жителите на Гостивар – „Не се од жртвите со Ковид-19“, велат од муфтиството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фотографии од отворени ковчези во близина на гробиштата во Гостивар. На почеток се појавија неколку фотографии, а потоа и видеа на социјалните мрежи.

Беше создаден впечаток дека починатите од Ковид-19 се погребани без ковчези, што е спротивно на протоколите за погребување.

Од Комуналното претпријатие, Гостивар велат дека тие не се надлежни за погребалните услуги и дека ова компанија се занимава само со обезбедување на местото на гробиштата и нивно одржување.

„Нашите надлежности како Јавно претпријатие е да го обезбедиме местото на гробиштата и да вршиме одржување на гробиштата. Што се однесува до ковчезите, ние како ЈП немаме и не нудиме погребални услуги“, истакна Исак Лазами.

Од гостиварското муфтијство ја исклучуваат можноста ковчезите да се на лицата починати од Ковид-19, бидејќи тие се погребуваат според посебните протоколи.

„Одговорен за погреб на починатите со сите верски обреди е Одборот на џамијата, на чело со верскиот службеник во одредениот регион (село или населба). Починатите од Ковид-19 се погребуваат според протоколите на надлежните државни органи. Верските одреди се вршат по погребувањето (со ковчег). Доколку не е вршено миењето и тој/таа не е починат повеќе од три дена и се гарантира дека телото стоело во комора и во текот на отворањето нема лоша миризба, тогаш тој починат се чисти и се вршат сите верски обреди. А за ковчези се грижи одговорното лице на селските гробишта, одборот на џамијата со семејството на починатиот“, велат од гостиварското муфтијство.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека по пријавувањето, испратиле екипи на терен, но не биле пронајдени ковчези на местото каде што првично било пријавено – на градските гробишта.

Постојат сомнежи дека овие ковчези припаѓаат на починатите кои биле донесени од странство за да бидат погребани во Македонија и истите не биле заразени со Ковид-19 и биле закопани според верски обреди. Одборите на џамиите препорачуваат ковчезите да бидат изгорени, но во овој случај такво нешто не се случило.