Муамед Сејдини избран за претседател на ФФМ

На денешното генерално изборно Собрание на ФФМ, досегашниот в.д. претседател Муамед Сејдини, е избра за нов претседател.

Со 82 гласа „за“ и само еден „воздржан“, Сејдини им се заблагодари на поддршката на делегатите, како и на поддршката од ФИФА и УЕФА.

„Благодарност до сите за укажаната доверба. ГОЛЕМА е честа да се биде на чело на оваа институција. Сакам да ви се заблагодарам на досегашната соработка, но се радувам и на новите предизвици. Се очекува од сите нас, не само од мене, да го подобрите начинот на функционирање на федерацијата и фудбалот воопшто. Оваа федерација секогаш ќе биде добродојдена за нови идеи, и за сите оние кои му посакуваат добро на фудбалот во Македонија. Сакам да изразам голема благодарност од ФИФА и УЕФА за поддршката, и се радувам на идната соработка како и досега“, истакна Сејдини, а пренесува „Спортмедиа“.

©TV21.TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира!