Можно е повторно затворање на градинките?! Има родители кои ги запишале децата, а не ги носат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба, градинките во иднина ќе треба повторно да се затворат. Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски кој е член на Комисијата за заразни болести истакна дека одлуката зависи од сите случувања во однос на самата болест и од условите и критериумите, кои треба да се исполнат за воведување целодневен престој.

„Да, можно е да се затворат повторно градинките. Тоа ви го кажа и министерот и да се превземат одреденеи мерки и да се дадат одредени насоки од Комисијата кон Владата.“, вели Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

Ваквата информација ја потврди и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска која уверува дека ситуацијата во градинките будно се следи на дневно ниво и согласно состојбите во иднина и ставовите на надлежните институции, ќе се носат идните одлуки.

„Ние како Министерство од моментот на носење на одлуката за отворање на градинките на дневно ниво ја следиме состојбата со здравствената состојба на децата и вработените. Врз основа на овие информации ќе градиме ставови и заклучоци на кој начин треба да се однесуваме во периодот пред нас. Будно ја следиме состојбата и врз основа на развојот на епидемиолошката состојба, пред сè на ставовите на Комисијата за заразни болести, но и на нашите како Министерство за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, како ресорни министерства, ќе ги градиме одлуките согласно состојбата“, изјави Шахпаска.

Шахпаска тврди дека во градинките засега има слободни места, тврди министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а доколку дојде до ситуација да се пополнат сите постоечки капацитети општините имаат препорака да обезбедат алтернативни решенија за сместување на дечињата. Меѓу алтернативните решенија таа спомена училници, дом на култура, објекти кои биле конкретно наведени во препораката до општините. Според анализите на ресорното министерство, имало родители кои ги запишале своите деца во градинка, но не ги носат. Градинките почнаа со работа на 9 септември, но веќе има четири случаи на дечиња заболени од коронавирус, едно од Скопје и три од Струмица. Заразени се и две негователки во Куманово и Битола. Воедно
Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата.